УМЕТНИЧКИ ПРИНЦИПИ КАКО ФАКТОР ЗА УЛИЧНО ОЗЕЛЕНУВАЊЕ, Vaska Sandeva, Katerina Despot
2017-12-13 | T+ | T- |

Абстракт: Зелениот систем е важен просторно-структурен и функционален дел од градските и приградските територии, кои решаваат голем број задачи за подобрување на животната средина. Во серијата методи за постигнување на еколошка рамнотежа во урбаната средина, планирањето и изградбата на зелениот систем зазема одредено место. Оваа активност го придружува модерното урбанистичко планирање и како наука и како пракса, но потребен е конкретен пристап за секој оделен случај. Уличната мрежа како елемент на урбаното и просторно планирање на населбите претставува скелет на населените места и создава услови за ориентација во општиот пејзаж. Главната задача на комуникациско транспортниот систем е да обезбеди најдобри услови за брз, удобен, безбеден и економичен транспорт, истовремено почитувајќи ги барањата за заштита на животната средина.

Улицата е значаен дел од територијата на населеното место и има многуфункционална намена – да осигури пешачко и сообракајно движење, да осигури врска помеѓу оделните елементи на населеното место и да служи како пространство кое има естетско предназначение. Улиците се еден од главните елементи на урбаниот пејзаж, а за правилно функционирање на овој пејзаж сите нејзини компоненти треба да бидат во еколошко единство. Дизајнот на пејзаж е комплексен интердисциплинарен субјект кој е вклучен во широк опсег. Планирањето и дизајнот на патниот пејзаж треба да преземе научен и ригорозен став. И ние целосно да ги проучуваме сите карактеристики на предметот, да користиме модерна наука и технологија, да нагласиме методи за научен дизајн.

Клучни зборови: улица, дизајн, уметност

7. Литература

  1. Despot, K. , V.Sandeva. (2014). Art decorative appearance of children park. Applied Researches in Technics, Technologies and Education, 2 (4). pp. 393-400. ISSN 1314-8796
  2. Sandeva, V., K. Despot. (2015). Impact of water in designing landscape. Journal of the Faculty of Technics and Technologies, Trakia University, 3 (3). pp. 275-281. ISSN 1314-8788 (print), 1314-8796 (online)
  3. Димитријевик, Ј. (1998). Животна средина. Скопје.
  4. Ковачев, А. (2003). Градоустройство. Част 1. Основи на теорията и практиката на градоустройството. PENSOFT, София – Москва.
  5. Кулелиев, Й. (1994). Парково устройство на уличната мрежа в населените места в Р. България. Хабилитационен труд, София.

Contacts:

Prof. Vaska Sandeva - e-mail: vaska.sandeva@ugd.edu.mk

Prof. Katerina Despot - e-mail: katerina.despot@ugd.edu.mk

Goce Delchev University - Stip,

Department of Architecture and Design, Macedonia